Жителите на делови од општина Центар утре, 10 август, ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека дефектот е лоциран на улицата „Рајко Жинзифов“ бр. 32, на водоводна цевка со профил Ф-80 милиметри.
Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 8 часот и ќе трае до целосно отстранување на дефектот. Без вода ќе бидат дел од корисниците на улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов – Дедов“ и „Борка Талевски“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ не соопштуваат точно време кога се очекува завршување на интервенцијата, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по отстранувањето на дефектот.









