ПРВ.мк
Топ Вести

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Одкажани сите летови утрово од скопскиот Аеродром - ова е причината!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Одкажани сите летови утрово од скопскиот Аеродром - ова е причината!
Kristal

Густата магла предизвика целосен прекин на утринскиот авионски сообраќај на Меѓународниот аеродром Скопје, поради што беа откажани сите планирани летови. Меѓу откажаните се летовите на „Визер“ кон Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција. Не се реализираа ниту летовите на „Кроација ерлајнс“ за Загреб, како и на „Туркиш ерлајнс“ за Истанбул.

Во моментот аеродромот е без авионски сообраќај, а ниту еден авион не се наоѓа на пистата. Шесте авиони на „Визер“ кои се базирани во Скопје не успеале да слетаат во текот на вчерашниот ден, поради што биле пренасочени кон аеродромите во Приштина, Софија, Тирана, Солун и Охрид. Екипажите утрово заминале кон овие дестинации за да ги преземат леталата и од таму да реализираат дел од откажаните линии, со што ќе се овозможи враќање на патниците во Скопје.

Поради екстремно намалената видливост, која во одредени моменти изнесувала под 100 метри, вчера на скопскиот аеродром слетале само три авиони. Истите успеале да полетаат во попладневните часови, кога временските услови краткотрајно се подобриле. Останатите летови биле откажани или пренасочени, бидејќи условите не ги исполнувале стандардите за инструментално слетување од категорија 1, со какви располага аеродромот во Скопје.

Од Меѓународниот аеродром Скопје информираат дека аеродромот формално останува отворен без оглед на временските услови и дека целиот персонал е во постојана готовност за прием и испраќање на авиони и патници веднаш штом условите тоа ќе го дозволат.

„Сите измени во редовниот распоред на летање се објавуваат во реално време на нашата официјална веб-страница. Информативниот пулт работи 24 часа, а патниците можат во секое време да се јават и на телефонскиот број +389 2 3148 333 за проверка на статусот на летовите“, соопштуваат од аеродромот.

Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје и во наредните неколку дена се очекува променливо облачно време со честа појава на магла, што може и натаму да влијае врз авионскиот сообраќај.

FixCredit
Escape