Од Општата болница во Кавадарци утрово пристигна убава вест – на свет дошле седум новороденчиња, четири машки и три женски.
Медицинскиот персонал соопшти дека породувањата поминале успешно, а денешното утро во родилиштето било особено динамично и радосно.
Родените бебиња донеле голема радост за семејствата, но и за целиот Тиквешки регион, кој доби седум нови животи во само неколку часа.
Од болницата велат дека вакви моменти се најубавиот дел од нивната работа, бидејќи секое новороденче претставува нов почеток и надеж за заедницата.







