ПРВ.мк
Топ Вести

(ФОТО) МВР СО ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ! Повторно лажни линкови за сообраќајни казни - еве какви пораки не треба да отварате!

(ФОТО) МВР СО ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ! Повторно лажни линкови за сообраќајни казни - еве какви пораки не треба да отварате!

Министерството за внатрешни работи предупредува дека повторно е забележано зголемување на бројот на измамнички пораки кои граѓаните ги добиваат преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи. Во нив се тврди дека примателите направиле сообраќаен прекршок регистриран преку системот „Безбеден град“ и дека треба да платат соодветна казна.

Од МВР посочуваат дека станува збор за обиди за фишинг измами. Измамниците испраќаат лажни известувања со линкови до непроверени веб-страници, каде што од граѓаните се бара да внесат лични и банкарски податоци. Целта е овие информации да бидат злоупотребени.

Поради тоа, Министерството апелира до граѓаните да бидат особено претпазливи и да не отвораат сомнителни линкови. Се препорачува да не се внесуваат податоци од платежни картички, лозинки или други лични информации на непроверени интернет-страници, ниту да се вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки.

Како да ги препознаете официјалните известувања?

Од МВР потсетуваат дека вистинските СМС-известувања за сообраќајни прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“ ги имаат следните карактеристики:

  • Се испраќаат од официјалниот испраќач „MVR-SC“.
  • Задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот.
  • Линкот води до официјалната веб-страница на системот, со домен safecountry.mvr.gov.mk.

Граѓаните треба внимателно да го проверат испраќачот и интернет-адресата пред да преземат каква било постапка, бидејќи лажните пораки може да изгледаат убедливо и да наликуваат на официјални известувања.

Во меѓувреме, Секторот за компјутерски криминал при МВР презема мерки и активности за откривање и санкционирање на лицата кои стојат зад ваквите измами.

Од Министерството повторно апелираат на внимателност, со цел граѓаните да ги заштитат своите лични и финансиски податоци и да не станат жртви на интернет-измами.

Најнови вести