Ајкула со должина од околу 2,5 метри е забележана во плитките води кај плажата Лутра Ореас Еленис, во близина на Коринт, што предизвикало вознемиреност кај капачите и жителите во областа.
Според грчките медиуми, морскиот предатор бил забележан многу блиску до брегот во Коринтскиот Залив, а очевидци го снимиле настанот со мобилни телефони. Видеата брзо се прошириле на социјалните мрежи и локалните медиуми во Грција.
Иако присуството на ајкула предизвикало паника, експертите наведуваат дека вакви појави не се целосно невообичаени во грчките води, каде што постојат повеќе видови ајкули кои најчесто не претставуваат закана за луѓето и се хранат со риби во крајбрежните зони.
Во последниот период се пријавени уште неколку слични случаи на забележани ајкули во близина на брегот, меѓу кои и во областа Виотија, без информации за повредени лица или инциденти.







