ПРВ.мк
Топ Вести

ШОКАНТНА СНИМКА: Иран тврди дека соборил американски авион – видете го моментот!

ШОКАНТНА СНИМКА: Иран тврди дека соборил американски авион – видете го моментот!
Kristal

Иран објави дека неговите ПВО системи собориле американски борбен авион F-15 во близина на островот Ормус на југот на земјата.

Наводно, авионот бил пресретнат над јужниот ирански брег, а информацијата ја објави полуофицијалната новинска агенција ISNA, повикувајќи се на соопштение на Здружениот штаб за ПВО на Иран.

Во соопштението се додава дека авионoт F-15 испукал проектил непосредно пред да биде погоден. Засега нема независно потврдување на настанот, ниту се објавени детали за судбината на пилотот или остатоците од леталото.

Урна се хеликоптер на Катар

Претходно денеска, Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека при пад на хеликоптер во територијалните води на земјата се утврдени шест загинати лица, чија тела биле пронајдени.

Во соопштението на платформата „Икс“ се наведува дека при операциите за пребарување на исчезнатите, „до сега се пронајдени шест од седумте исчезнати лица“, чија смрт е потврдена.

Катар не го прецизирал видот на мисијата ниту бројот на лица во леталото, а моментално не е познато дали овој инцидент е поврзан со војната на Блискиот исток. Катар бил цел на неколку напади од Техеран по почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари, кога Иран започнал одмазднички напади со ракети и дронови врз цели во соседните земји, повикувајќи се на присуството на САД.

Последен инцидент со F-35

Во четвртокот, американскиот ловец F-35 принудно слетал на американска воздухопловна база на Блискиот исток откако, како што се верува, бил погоден од иранска огнена активност.

Капетанот Тим Хокинс, портпарол на Централната команда на САД, изјавил дека авионoт од петтата генерација со стелт технологија „летал во борбена мисија над Иран“ кога бил принуден на слетување. Авионoт слетал безбедно, а пилотот е во стабилна состојба. Инцидентот е под истрага.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo