Баба од Њујорк е уапсена и обвинета за обид за убиство откако, според наводите, повеќепати ја прободела својата 7-годишна внука.
Полицијата пристигнала по повик во стан во приградскиот дел на Бронкс во врска со девојчето, кое нејзината баба наводно го прободела повеќе пати со кујнски нож. Според „New York Daily News“, бабата ја прободела внуката повеќе од 12 пати, при што таа изгубила повеќе од една третина од крвта.
Во моментот на нападот, 4-годишната сестра на жртвата исто така била во станот, но не била повредена, изјавил извор од полицијата за медиумите.
Полицијата ја затекнала 7-годишната девојка како лежи на креветот и веднаш ја префрлила во болница каде што е задржана во критична состојба, пренел „ABC News“.
- Го видовме полицаецот како излегува од зградата со девојчето. Само го стави во полициското возило, не чекал брза помош – изјавила сведокот Ана Мартинез за WABC.
Бабата, 65-годишната Мариза Јогер, е однесена во притвор, а подоцна е обвинета за обид за убиство, напад, кривично поседување оружје и загрозување на благосостојбата на дете.
- И јас сум баба. Немам зборови за ова. Срцето ми е скршено. Многу е тажно – рекла соседката Чајна Апонте.
Ујакот на повреденото девојче, кој со ужас го затекнал крваво и несвесно детето и веднаш повикал полиција, изјавил дека таа е оперирана и се опоравува во болница. Мотивот за нападот сè уште не е познат.


















