ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР НА ЛЕТ ЗА ЛОНДОН: Патничка почина, пилот донесе драстична одлука!

ХОРОР НА ЛЕТ ЗА ЛОНДОН: Патничка почина, пилот донесе драстична одлука!
Kristal

Патничка на авиокомпанијата Британски ервејз починала на летот од Хонгконг за Лондон, но пилотот одлучил да не се врати на почетниот аеродром, туку да го продолжи 12-часовниот лет.

Во соопштението на авиокомпанијата е потврдено дека жената била во седмата деценија од животот и починала еден час по полетувањето од Хонгконг. Сепак, пилотот одлучил да не се враќа поради овој инцидент, пренесува лондонски „San“.

Се наведува дека членови на екипажот донеле одлука телото да се смести во задниот дел на авионот и да се покрие.

  • Започнала дискусија што да се прави со телото. Екипажот ја одбил наредбата од пилотската кабина телото да се заклучи во тоалет, па затоа било одлучено телото да се изолира, умота и премести во кујната во задниот дел на авионот – изјавил ненаменуван извор за порталот и додал дека екипажот не забележал дека кујната има подно греење.

До моментот кога авионот се приближувал кон слетување, патниците почнале да се жалат на непријатни мириси.

Британската полиција денес го чекала авионот и ги замолила патниците да останат на своите седишта додека се спроведува истрага. Се наведува дека и патниците и екипажот биле вознемирени по летот, а компанијата им овозможила на вработените неколку дена отсуство од работа.

Според насоките на Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај, ако патник почине за време на лет, неговото тело мора да се стави во специјална вреќа или да се покрие со ќебе до вратот. Прописите налагаат дека безживотното тело треба да се однесе во слободен дел од авионот, ако авионот не е полн, за да се оддели од другите патници.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo