ПРВ.мк
Топ Вести

СВЕТОТ ВО ТРЕВОГА: САД ја забрза испораката на оружје за овие држави - еве за што се подготвуваат!

СВЕТОТ ВО ТРЕВОГА: САД ја забрза испораката на оружје за овие држави - еве за што се подготвуваат!

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го забрза одобрувањето на повеќемилијардни испораки на оружје за Израел, Катар, Обединети Арапски Емирати и Кувајт, соопшти Стејт департментот на САД.

Вкупната вредност на пакетот надминува осум милијарди долари и вклучува системи за противвоздушна одбрана за Кувајт и Катар, како и ракети со ласерско наведување за Катар, ОАЕ и Израел. За Катар се предвидени и проектили за американскиот систем Patriot.

Според соопштението, американскиот државен секретар Марко Рубио во повеќе случаи проценил дека постои итна ситуација што бара непосредно одобрување, со што била заобиколена вообичаената процедура за конгресна контрола на ваквите продажби.