ПРВ.мк
Топ Вести

Прв топлотен бран ја погоди Европа – а еве кога пристигнува во Македонија!

Прв топлотен бран ја погоди Европа – а еве кога пристигнува во Македонија!

Голем дел од европскиот континент деновиве е под влијание на првиот поизразен топол бран за оваа сезона, кој носи значително зголемување на температурите и вистински летни услови во повеќе региони.

Во најголемиот дел од Европа температурите надминуваат 30°C, додека на бројни локации се искачуваат и до околу 35°C. Во делови од западна и југозападна Европа се очекуваат и уште повисоки вредности, што укажува на стабилен топол бран кој ќе се задржи и во наредните денови.

Метеоролозите предупредуваат дека ваквиот топлотен бран се одржува поради стабилна воздушна маса, со минимални промени, што дополнително придонесува за продолжено задржување на високите температури низ континентот.

За разлика од западна Европа, во Северна Македонија температурите засега остануваат пониски и попријатни, но не за долго време. Сепак, се очекува постепен пораст на дневните температури во следните денови, но без најави за екстремни вредности како во западните делови од Европа.