Светските берзи на енергенси се под зголемено внимание поради ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел, со поддршка од САД. Во последната недела цената на суровата нафта значително се зголеми, а на затворањето на берзите во петокот, барел Брент сурова нафта чинеше над 92 долари.
Меѓународни експерти и организации предупредуваат дека по затворањето на Ормутскиот теснец и нарушувањето на синџирот на снабдување, барел нафта веќе од следната недела може да ја пробие границата од 100 долари.
Банката Голден Сакс оцени дека глобалните цени на нафтата би можеле да надминат 100 долари за барел во рок од неколку дена и потенцијално да достигнат 150 долари до крајот на месецот, доколку не се најде решение за сериозното нарушување на протокот на сурова нафта низ Ормутскиот теснец.
Поради продолжувањето на војната, катарските власти веќе го намалија производството на нафта, а претходно целосно го запреа производството на природен гас. Намалено производство има и во Обединети Арапски Емирати, Кувајт, како и во самиот Иран.
Историски, глобалните цени на нафтата краткотрајно се искачија над 120 долари за барел во 2022 година, а во 2008 година достигнаа рекордни 145 долари, предизвикувајќи значителни последици за светската економија.










