ПРВ.мк
Топ Вести

ПОЛИТИЧКИ ПРЕСВРТ: EУ ја спрема Украина да стане членка заедно со земјите од Западен Балкан - еве од кога!

ПОЛИТИЧКИ ПРЕСВРТ: EУ ја спрема Украина да стане членка заедно со земјите од Западен Балкан - еве од кога!
Kristal

Постои зголемен интерес во ЕУ за брз прием на Украина, поради воената поддршка и огромните финансиски средства кои се уплаќаат за обновата на земјата по конфликтот со Русија. На Минхенската безбедносна конференција се поотворено се дискутираше дека Украина може да добие членство во ЕУ со исклучително условување, а тоа би можело да влијае и на земјите од Западниот Балкан.

ЕУ моментално ја следи ситуацијата во Украина каде стотици милијарди евра се префрлаат на квартални основи, но голем дел од средствата ризикуваат да се изгубат поради високото ниво на корупција. Затоа, Европската унија сака контрола врз трошоците на овие пари, што најлесно може да се постигне преку интеграција на Украина во европските структури.

Брисел планира да ја внесе Украина на брза лента, но признава дека тоа ќе предизвика незадоволство кај сегашните земји-членки и во регионот. Поради тоа, најверојатно сценарио е Украина да влезе во ЕУ заедно со земјите од регионот кои исто така имаат отворени реформски проблеми и билатерални спорови.

Премиерот Димитар Мицкоски истакна дека Македонија е дел од овие планови. Сценариото кое се разгледува е Украина заедно со Црна Гора, Албанија и Македонија да станат формални членки на ЕУ во почетокот на 2027 година. Во оваа фаза, земјите би присуствувале на состаноци и комисиите со формално признавање и македонско знаме, но без право на глас и вето, додека процесот на реформи и усогласување продолжува.

Овој пристап ги остава геополитичките интереси пред стандардните процедури на ЕУ, слично како кога Бугарија и Романија се приклучија на Унијата. Безбедносниот аналитичар Милан Стефановски објаснува дека геополитиката често ја надминува бирократската логика, а процесот на проширување на ЕУ ќе се спроведува во пакет, вклучувајќи ја и Македонија како дел од стратегиската рамка на Унијата.

Според него, за Македонија е важно да остане синхронизирана со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, да ја засили борбата против корупцијата и да ја унапреди владеењето на правото, додека се чекаат разврските на геополитичките процеси и одлуките на големите сили.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo