Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека извршиле напад врз командни центри на Хезболах во областа Баалбек, во долината Бека. Засега, Хезболах не дал коментар за инцидентот.
Според израелските извори, меѓу загинатите е и висок претставник на Хезболах. Нападот се смета за еден од најсмртоносните во источен Либан во последните недели, и ризикува да го наруши кревкото примирје помеѓу Израел и Хезболах, потпишано кон крајот на ноември 2024 година. Двете страни постојано се обвинуваат за кршење на прекинот на огнот.
Кон крајот на ноември 2024 година, Израел и Хезболах, со посредство на САД, објавија прекин на огнот за да се стави крај на повеќе од една година прекугранични судири. Оттогаш, двете страни постојано разменуваат обвинувања за нарушување на договорот.
Американските и израелските претставници вршат притисок врз либанските власти да го ограничат арсеналот на Хезболах, додека либанските лидери предупредуваат дека пошироките израелски напади би можеле дополнително да ја дестабилизираат земјата, која веќе се соочува со сериозна политичка и економска криза.

















