ПРВ.мк
Топ Вести

Летно сметање на времето е пред нас – еве кога треба да ги поместите стрелките!

Летно сметање на времето е пред нас – еве кога треба да ги поместите стрелките!
Kristal

Како и другите европски земји, Македонија кон крајот на март ќе го смени времето од зимско на летно, со што стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред.

Официјалната промена е закажана за 29 март во 02:00 часот, кога часовниците ќе се поместат на 03:00 часот. Со ова, денот ќе трае подолго, додека ноќта ќе биде за еден час пократка.

Летното сметање на времето ќе биде во сила до последната недела од октомври, кога повторно ќе се врати зимското време со поместување на стрелките еден час наназад.

Оваа промена е дел од усогласувањето на Македонија со европските стандарди за сметање на времето, што има влијание на дневните активности, работните распореди и транспортот.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo