ПРВ.мк
Македонија

ПРАВОСУДТВОТО ПОД ЛУПА - Дали разрешувањето на Катевеновски е доказ за политички притисоци во правосудството?

ПРАВОСУДТВОТО ПОД ЛУПА - Дали разрешувањето на Катевеновски е доказ за политички притисоци во правосудството?
Kristal

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, бил разрешен од функцијата затоа што не ги исполнил политичките нарачки на Зоран Заев, СДСМ и ДУИ. Според партијата, во периодот на нивното владеење, институциите биле злоупотребувани за политички прогон на поранешни функционери, а јавноста секојдневно сведочела за притисоци и уцени.

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека обвинителството на Вилма Русковска и судството поврзано со Добрила Кацарска постапувале според политички наредби, додека судии и обвинители кои одбивале да постапуваат по такви инструкции биле разрешувани.

Како конкретен пример, партијата се повикува на изјава на Катевеновски, според која тој бил разрешен откако одбил да даде позитивно мислење за предмет поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Според судијата, предметот во 2019 година го добил од поранешното Специјално јавно обвинителство, но немало правна основа ниту елементи на кривично дело за да издаде позитивно мислење.

ВМРО-ДПМНЕ укажува дека ваквите наводи ја доведуваат независноста на судството во прашање и укажуваат на системски притисоци врз правосудните функции. Партијата повикува на суштински реформи во правосудството за враќање на довербата на граѓаните, обезбедување владеење на правото и еднаквост пред законот.

„Во услови на сериозни обвинувања за политички притисоци и селективна правда, потребен е сеопфатен реформски процес. Одговорност мора да има“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo