ПРВ.мк
Топ Вести

Продавници за здрава храна под лупа – пронајдени над 1 тон опасни производи!

Продавници за здрава храна под лупа – пронајдени над 1 тон опасни производи!
Kristal

Во рамки на интензивните контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), инспекторите оваа недела открија и уништија 1.010 килограми небезбедна „здрава храна“ кај 14 оператори, во склоп на вкупно 373 контроли на објекти за производство и промет со храна.

При проверките, утврдено е дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна, што претставува сериозно прекршување на законските обврски. За сите утврдени недоследности, АХВ издаде 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра во денарска противвредност.

Конкретно, контролите открија:

  • 9 оператори со незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите;
  • 7 оператори со храна со поминат рок на употреба;
  • 2 оператори со храна со непознато потекло;
  • 18 оператори со несоодветно означена храна;
  • 23 вработени без задолжителен здравствен преглед;
  • 2 оператори без воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса или без соодветни записи;
  • 2 оператори кои не спроведувале задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Со овие мерки, АХВ ја потврдува својата посветеност на заштита на здравјето на потрошувачите и почитување на законските обврски за безбедност на храната.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo