Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни, со цел ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и стопанството.
Покрај тоа, по разговорите со најголемиот домашен снабдувач со нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар, кој ќе започне да се применува од утре, 1 јуни.
Според проценките на Владата, со овие мерки се очекува намалување на цената на дизел горивото за околу 6,5 денари по литар, додека бензините би поевтиниле за приближно 1,5 денар по литар.
Од Владата истакнуваат дека ова претставува директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и целокупното стопанство, како и придонес кон стабилизирање на трошоците за живот во услови на глобални економски предизвици.
Исто така, Владата најавува дека ќе продолжи со мерки насочени кон заштита на животниот стандард и зајакнување на економската стабилност.








