ПРВ.мк
Топ Вести

НОВ УДАР - Оваа држава забрани увоз на украински земјоделски производи!

НОВ УДАР - Оваа држава забрани увоз на украински земјоделски производи!

Владата на Унгарија повторно воведе забрана за увоз на дел од земјоделските производи од Украина, со образложение дека мерката е неопходна за заштита на домашното земјоделство и стабилизирање на пазарот.

Одлуката, која ја објави унгарскиот премиер Виктор Орбан, опфаќа повеќе категории производи, меѓу кои житарки, месо, јајца и други земјоделски артикли.

Според властите во Будимпешта, ограничувањата се воведуваат поради зголемениот притисок врз домашните производители, а слични мерки разгледуваат и други држави од Централна и Источна Европа.

Во исто време, унгарската влада се откажа од претходно најавеното повлекување од Меѓународен кривичен суд, со што дополнително се отвораат прашања околу актуелната надворешна и трговска политика на земјата.

Според официјалните информации, забраната повторно стапила во сила по истекот на претходната мерка, која била привремено укината поради административна грешка.