ПРВ.мк
Топ Вести

Македонски шампион во рингот – Ова е момчето што го освои златниот медал и ја претстави Мкаедонија во најдобро светло!

Македонски шампион во рингот – Ова е момчето што го освои златниот медал и ја претстави Мкаедонија во најдобро светло!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски забележа голем меѓународен успех, освојувајќи го првото место на боксерскиот турнир „Мустафа Талијан“ во Сараево. Покрај златниот медал, Рустемовски ја доби и наградата за најдобар техничар на турнирот.

Во полуфиналето, во категоријата до 60 килограми, Рустемовски убедливо го совлада Мутез Бечагра од Алжир со едногласна одлука на судиите (5:0).

Во финалето македонскиот репрезентативец уште еднаш ја потврди својата одлична форма, победувајќи го Јапонецот Шудаи Харада со идентични 5:0. Харада важи за еден од најквалитетните боксери во категоријата – моментално е петтопласиран на светската ранг-листа, освојувач на петто место на Олимписките игри и актуелен шампион на Азија.

На престижниот меѓународен турнир „Мустафа Талијан“ во Сараево учествуваа повеќе од 120 боксери од 21 држава, што дополнително ја истакнува вредноста на успехот на македонскиот боксер.