ПРВ.мк
Балкан

СТРАВИЧЕН НАСТАН ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Сестра и брат пронајдени мртви во стан - истрагата открива страшни детали!

СТРАВИЧЕН НАСТАН ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Сестра и брат пронајдени мртви во стан - истрагата открива страшни детали!

Телата на брат и сестра биле пронајдени денеска во стан на шести кат во зграда во белградската населба Бежаниска коса.

Според неофицијални информации што ги објавија српските медиуми, постои сомнение дека Б.П. (48) ја усмртил својата сестра со остар предмет, по што си го одзел животот. Случајот се случил во нивниот стан.

Наводно, мажот по убиството се здобил со повреди од кои починал, но деталите за трагичниот настан сè уште не се официјално потврдени од полицијата.

Според изјави на соседи, во изминатите денови од станот се чувствувала непријатна миризба, по што еден од станарите ја отворил вратата и го пријавил случајот.

На местото на настанот пристигнале полициски екипи, форензичари и медицински служби. Во тек е увид, а надлежните работат на утврдување на сите околности што довеле до трагедијата.