ПРВ.мк
Топ Вести

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Откриена крипто измама тешка 220.000 евра - еве колку лица се уапсени!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Откриена крипто измама тешка 220.000 евра - еве колку лица се уапсени!

Меѓународна криминална мрежа која преку лажни инвестиции во криптовалути измамила граѓани за најмалку 220.000 евра е разбиена во заедничка акција на грчката полиција и европски партнери, јавува „Екатимерини“.

Според истрагата, во случајот се опфатени осум странски државјани на возраст од 23 до 54 години, против кои се поднесени обвиненија за учество во криминална организација, компјутерска измама, фалсификување и перење пари.

Акцијата е спроведена со поддршка на Европол и други меѓународни полициски служби, а криминалната група делувала во периодот од декември 2024 до август 2025 година.

Жртви биле најмалку девет лица од различни делови на Грција, меѓу кои Ламија, Атина, Солун, Серес и Кефалонија.

Начинот на работа на групата вклучувал телефонски измами, при што осомничените се претставувале како претставници на банки или инвестициски фондови и нуделе наводно профитабилни вложувања во криптовалути. Откако жртвите ќе им овозможеле далечински пристап до своите уреди, измамниците добивале контрола врз нивните сметки и ги празнеле средствата.

Истрагата продолжува за целосно утврдување на сите инволвирани лица и обемот на измамата.