ПРВ.мк
Топ Вести

Николоски открива детали: Македонија ќе го забрза патувањето со новата пруга - дали е ова историска шанса за Македонија?

Николоски открива детали: Македонија ќе го забрза патувањето со новата пруга - дали е ова историска шанса за Македонија?
Kristal

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денес во Брисел најави дека Северна Македонија заедно со Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпише декларација за изградба на брза железничка пруга долж Коридорот 10. Дополнително, на иницијатива на Австрија ќе се потпише и договор за доизградба на Коридорот 8, кој ќе ги поврзува Драч и Црното Море.

– Она што очекувавме се случува. Грција ќе ја заврши изградбата на делот од Солун до Гевгелија, со најмодерна сигнализација која до јануари ќе биде готова. Потоа ќе се гради двоколосечна пруга, додека едноколосечната линија за карго превоз ќе биде со брзина до 120 километри на час до јануари – рече Николоски.

Според него, втората линија во Грција, наменета за патнички возови, се очекува да биде готова до 2030 година, додека првата, карго линија, ќе биде комплетирана до 2028 година.

Во однос на Србија, таа ќе го изгради делот од македонската граница до Ниш, додека веќе изградените делови Белград–Будимпешта и Будимпешта–Виена ќе се интегрираат во системот на Коридорот 10.

Николоски истакна дека со договорот за Коридор 8, Албанија ќе се обврзе на изградба на инфраструктурата по трасата, обезбедувајќи континуирана железничка поврзаност од Драч до Црното Море, со цел да се усогласи развојот на целиот регион.

– Визијата на Владата за Македонија како транспортен и логистички центар на Балканот полека почнува да дава резултати, со меѓународни средби и инвестиции во крупни капитални проекти – нагласи Николоски.

Овие иницијативи претставуваат клучен чекор кон модернизација на железничката инфраструктура и значително забрзување на карго и патничкиот превоз на Балканот.

FixCredit
Atensa 300
Escape