ПРВ.мк
Спорт

Неверојатен старт за Македонија на турнирот во Анкара – емоции и големи резултати

Неверојатен старт за Македонија на турнирот во Анкара – емоции и големи резултати
Kristal

Женската ракометна репрезентација на Македонија го отвори турнирот во Анкара со значајна победа од 29:26 против домаќинот Турција. Натпреварот беше неизвесен речиси до самиот крај, со резултат 12:12 на полувреме, но тимот на селекторот Кристијан Грчевски успеа да го наметне ритамот и да го скрши отпорот на противникот во последниот четвртина час.

Најпрецизна во македонскиот тим беше Емилијана Ризоска со 11 погодоци, додека голманката Драгана Петковска забележа 10 одбрани, меѓу кои и еден седмерец, значајно придонесувајќи за триумфот.

Следните натпревари на Македонија се утре против Словенија од 12 часот, а турнирот ќе го затворат во недела со дуелот против Словачка, со почеток од 10 часот.

FixCredit
Atensa 300
Escape