ПРВ.мк
Топ Вести

СОЛИДАРНОСТ НА ДЕЛО – Орце Ѓорѓиевски се приклучува на волонтерите!

СОЛИДАРНОСТ НА ДЕЛО – Орце Ѓорѓиевски се приклучува на волонтерите!
Kristal

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес активно учествуваше во хуманитарни и социјални активности по повод Светскиот ден на волонтерството, заедно со претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски, во соработка со Црвениот крст на Македонија и Црвениот крст на Град Скопје.

Активностите беа насочени кон поддршка на најранливите категории граѓани, вклучувајќи стари и изнемоштени лица, бездомници и лица со попреченост. Градоначалникот нагласи дека овој ден претставува потсетник за значењето на волонтерството и важноста од институционална поддршка за организациите кои несебично придонесуваат кон зајакнување на заедниците.

– Денес, со гордост се приклучувам како волонтер во активностите на Црвениот крст. Светскиот ден на волонтерството оддава признание на сите кои несебично го даруваат своето време и енергија за зајакнување на нашите заедници. Овој ден е повик до институциите и граѓаните да ги поддржат волонтерските организации и нивната хумана мисија – рече Ѓорѓиевски.

Заедно со група пратеници од Собранието на Република Северна Македонија, градоначалникот учествуваше во низa хуманитарни активности низ градот, покажувајќи дека Град Скопје е посветен на волонтерството како клучен двигател за создавање посилни, похумани и поотпорни заедници.

Преку својот личен пример, Орце Ѓорѓиевски испрати порака дека волонтерството е чест и привилегија, а Град Скопје останува активен поддржувач и сојузник на сите кои придонесуваат за солидарност и хуманост во општеството.

FixCredit
Atensa 300
Escape