ПРВ.мк
Топ Вести

Аларм во Велика Британија: Резервите на гас се празнат - еве уште за колку дена има!

Аларм во Велика Британија: Резервите на гас се празнат - еве уште за колку дена има!

Велика Британија се соочува со можност од сериозна гасна криза, откако резервите паднале на ниво доволно за само ден и пол до два дена потрошувачка, јавува „Телеграф“.

Според податоците на операторот „Нешнл гас“, резервите се намалиле од околу 18.000 гигават-часови минатата година на само 6.700 гигават-часови, што е значително под европскиот просек, каде резервите обезбедуваат снабдување за неколку недели.

Поради намалените залихи, Велика Британија моментално плаќа највисоки велепродажни цени на гас во Европа, бидејќи мора да нуди повисоки цени за да обезбеди снабдување. Експертите предупредуваат дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може дополнително да ги зголеми цените на енергенсите, а според „Голдман Сакс“, цената на нафтата може да надмине 100 долари за барел ако конфликтот не се смири.

Економистите потенцираат дека британските домаќинства би можеле да бидат погодени од повеќе страни – повисоки сметки за енергија, потенцијално повисоки каматни стапки и поскапување на стоки и услуги. Проблемот се задлабочува и поради ограничените складишни капацитети, кои денес изнесуваат само околу 18 проценти од поранешното ниво, па земјата се потпира на увоз на течен природен гас, главно од САД и Норвешка.

Операторот „Нешнл гас“ предупреди дека за обезбедување стабилна енергетска сигурност ќе бидат потребни нови складишта, особено поради падот на производството во Северното Море. Британското Министерство за енергетска безбедност уверува дека снабдувањето е сигурно и дека се работи на зајакнување на системот.

Најнови вести