ПРВ.мк
Топ Вести

Тлото се стресе во Велес – земјотрес со јачина од 4.1 ги вознемири граѓаните!

Тлото се стресе во Велес – земјотрес со јачина од 4.1 ги вознемири граѓаните!

Земјотрес со проценета јачина од 4.1 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Велес, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните кои го почувствуваа потресот.

Потресот бил краткотраен, но доволно силен за да се почувствува во домовите, при што дел од жителите изјавија дека забележале тресење на мебелот и благо нишање на објектите. Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.