Две лица го загубија животот откако мал авион се урна врз семејна куќа во германската покраина Долна Саксонија.
Несреќата се случила во местото Гандеркезе, во близина на Бремен. Спасувачките екипи првично пронашле едно тело, а по повеќечасовна потрага било лоцирано и второто лице кое се наоѓало во леталото.
Според првичните информации, авионот полетал од Бремен, но набргу по полетувањето почнал да губи висина, по што се урнал во станбена населба. Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, а надлежните служби спроведуваат истрага за утврдување на причините.
Германската полиција сè уште не ги објавила идентитетите на загинатите и најави дека дополнителни информации ќе бидат соопштени во текот на денот.
Во моментот кога авионот се урнал, сопствениците на куќата не биле дома, поради што нема повредени меѓу жителите.
Погледнете го видеото тука!







