ПРВ.мк
Топ Вести

ДУЕЛИ ШТО ВЕТУВААТ СПЕКТАКАЛ: Македонија ќе ги одмери силите со овие две држави - еве кога!

ДУЕЛИ ШТО ВЕТУВААТ СПЕКТАКАЛ: Македонија ќе ги одмери силите со овие две држави - еве кога!

Нашата најдобра фудбалска репрезентација, предводена од селекторот Гоце Седлоски, на 29 мај и 1 јуни ќе одигра две силни пријателски средби против репрезентации кои ќе настапат на претстојното Светско првенство.

Првиот тест ќе биде на 29 мај во Сараево, на стадионот Кошево, каде Македонија ќе се соочи со селекцијата на Босна и Херцеговина, предводена од Сергеј Барбарез.

Само три дена подоцна, нашиот тим ќе гостува во Истанбул, каде на стадионот на Галатасарај ќе одигра натпревар против селекцијата на Турција, предводена од селекторот Винченцо Монтела.

Овие два натпревари против силни противници ќе бидат одлична можност за Седлоски да ја провери формата на репрезентативците, но и да тестира нови имиња во составот, во пресрет на следните предизвици.

Најнови вести