ПРВ.мк
Топ Вести

ДРЖАВНА ОФАНЗИВА: 10.000 војници повеќе на улиците - дали е ова крајот на наркокартелите?

ДРЖАВНА ОФАНЗИВА: 10.000 војници повеќе на улиците - дали е ова крајот на наркокартелите?
Kristal

Еквадорските власти вчера ангажираа околу 10.000 припадници на армијата во голема операција против криминалните групи вклучени во шверц на дрога, кои се сметаат за главни виновници за ескалацијата на насилството во земјата.

Администрацијата на претседателот Даниел Нобоа, близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп во регионот, донесе одлука значително да ги заостри мерките против нелегалната трговија со наркотици.

Поради својата географска положба меѓу Колумбија и Перу – двете најголеми производители и извозници на кокаин – Еквадор во последните години се претвори во клучна транзитна и извозна точка за дрогата од регионот. Домашните криминални банди се тесно поврзани со моќни мексикански и колумбиски картели, што дополнително ја влошува безбедносната состојба во земјата.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo