ПРВ.мк
Македонија

Мисајловски поддржува задолжителен воен рок - но еве од кога!

Мисајловски поддржува задолжителен воен рок - но еве од кога!
Kristal

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, ја поддржува идејата за воведување задолжителен воен рок во Македонија, но нагласува дека моментално земјата не располага со доволно финансиски и просторни ресурси за негова реализација. Изјавата ја даде за време на посетата на велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“.

„Јас лично го охрабрувам овој потег. Младите треба да имаат можност за такво искуство, но мора да се земат предвид финансиите и капацитетите. Во овој момент тоа не е применливо, но во иднина, доколку се процени како потребно, сум подготвен да го реализирам“, истакна Мисајловски.

Посетата беше повод за свеченото давање заклетва на 296 нови професионални војници, меѓу кои и 26 девојки, кои ќе служат во Командата за обука и доктрина. Министерот најави дека поради високата заинтересираност за воената кариера, до крајот на годината ќе биде објавен нов конкурс за прием.

Дополнително, Мисајловски соопшти дека е изготвено решение за статусот на професионалните војници со навршени 45 години, кое наскоро ќе биде објавено и ќе дефинира како тие ќе бидат згрижени по завршувањето на активната служба.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape