Вечерва е прекината врската со приватен авион „Фалкон 50“ (регистрација 9H-DFJ), кој полетал од аеродромот Анкара Есенбога кон Триполи, соопшти турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја.
Авинот полетал во 20:10 часот, а контактот со радарот бил изгубен во 20:52 часот по локално време. Иако од авионот била примена порака за итно слетување во близина на Хаимана, подоцна контактот не бил обновен.
Во авионот имало пет патници, меѓу кои и генерал-потполковник Мухамед Али Ахмед Ал-Хадад, началник на Генералштабот на Либија. Засега нема информации за состојбата на патниците или причината за прекинот на врската.
















