ПРВ.мк
Топ Вести

Вонредна состојба во Доха: Властите евакуираат делови од градот - што следува?

Вонредна состојба во Доха: Властите евакуираат делови од градот - што следува?
Kristal

Властите на Катар утрово евакуираа делови од областа Мшеиреб во Доха, каде се наоѓаат владини институции и регионалната канцеларија на Google. Евакуацијата опфатила и дел од реонот каде се сместени шест американски универзитети.

Според очевидци, во главниот град се слушнале експлозии, додека евакуацијата била спроведена околу еден час пред властите да соопштат дека се пресретнати ракети над територијата на Катар.

Тензиите во регионот се зголемија откако иранските медиуми пред неколку дена објавија список на потенцијални цели во рамки на конфликтот на Блискиот Исток. На листата, наречена „Нови ирански цели“, се наведени канцеларии и имоти на големи американски технолошки компании што работат во регионот.

Меѓу компаниите споменати во иранските медиуми се Amazon, Microsoft, Nvidia, IBM, Oracle Corporation и Palantir Technologies.

Според истите извори, потенцијалните цели опфаќаат објекти во Израел, но и канцеларии и технолошки центри низ регионот, вклучувајќи ги Дубаи и Абу Даби.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape