Израелската армија денеска објави повик до жителите на индустриската зона во северниот ирански град Трабиз да се евакуираат заради претстојни воени операции.
– За вашата безбедност и здравје, под итно напуштете ја зоната, стои во објавата на платформата Икс.
Меѓутоа, предупредувањето најверојатно нема да стигне до граѓаните, бидејќи во Иран веќе две недели е ограничен пристапот до интернет, што го отежнува информирањето на локалното население.


















