По барање на градоначалникот на Струга, Менди Ќyра, и во координација со директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, беа преземени мерки за справување со пожарот на планината Јабланица.
Поради тежок и непристапен планински терен, интервенцијата од копно беше отежната, па беа ангажирани два хеликоптери на Армијата на Република Северна Македонија за обезбедување воздушна поддршка во гаснењето на огнот.
Во меѓувреме, активен пожар е евидентиран и во селото Боговица, каде надлежните служби дејствуваат со копнени сили.
Надлежните институции остануваат присутни на терен и ќе продолжат со ангажман сè додека состојбата не се стабилизира целосно.


















