Денеска, во 12:05 часот, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе се одржи протест со почетна точка пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“. Трасата ќе продолжи по:
- лево по „Филип Втори Македонски“,
- десно по „11 Октомври“,
- право по „Димитрие Чуповски“,
- десно по „Васил Главинов“,
- право по булевар „ВМРО“,
- лево по булевар „Илинден“ до пред Владата.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен режим на сообраќај по наведените улици и апелираат граѓаните да ги почитуваат инструкциите на полициските службеници.
ССМ протестот е организиран за зголемување на минималната плата на 600 евра и покачување на сите плати, нагласувајќи дека голем број работници живеат под прагот на сиромаштијата. Според податоците на УЈП, околу 160.000 работници во Македонија имаат примања под овој праг, што ја прави итна потребата од повисоки плати.


















