Американскиот Стејт департмент соопшти дека повлекува дел од американскиот дипломатски персонал и членовите на нивните семејства од Оман поради безбедносни причини.
На американските државјани им се препорачува да го одложат патувањето во Оман поради ризик од вооружен судир и тероризам, со што е објавено предупредување од ниво три.
За пограничното подрачје со Јемен важи највисокото предупредување – ниво четири, што значи дека воопшто не треба да се патува во тој регион.


















