ПРВ.мк
Магазин

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од светскиот гастрономски врв - причината ќе ве разочара сите!

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од светскиот гастрономски врв - причината ќе ве разочара сите!
Kristal

Најпознатиот светски готвач и сопственик на култниот ресторан „Нома“ во Копенхаген, Рене Реџепи, го напушти ресторанот откако беше обвинет за злоставување на вработените. Реџепи, кој пет пати го носеше титулата „најдобар ресторан во светот“ (2010, 2011, 2012, 2014 и 2021), соопшти дека се повлекува од врвот на „Нома“, оставајќи го во рацете на својот тим, на кој вели дека му верува. Тој ќе остане присутен, но ќе се посвети на идните проекти и ја презема целосната одговорност за своите постапки.

Во последните месеци, сведоштвата на поранешните вработени за односите во кујната на „Нома“ беа споделувани на социјалните мрежи, што предизвика широка јавна дискусија. Додека некои ја критикуваат злоупотребата, други сметаат дека дел од настаните од пред 10 години се преувеличени.

Рене Реџепи е роден во Копенхаген, но со потекло од Македонија – татко му е Македонец Албанец од Тетово, а мајка му е Данка. Тој никогаш не го криел своето потекло, истакнувајќи дека животот во Македонија силно влијаел врз неговиот пристап кон гастрономијата и концептот на „Нома“. Во интервјуа тој објаснил како детството поминато во голема семејна куќа со двор, градини и домашни животни му помогнало да развие врски со земјоделци и да бара локални состојки, што станало основа за неговата кулинарска филозофија.

Јавноста со нетрпение ја следи иднината на ресторанот, кој продолжува со поп-ап вечери во Лос Анџелес, додека Реџепи се посветува на нови проекти, оставајќи трага во светската гастрономија.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo