ПРВ.мк
Топ Вести

НОВО ПРЕСМЕТУВАЊЕ: РКЕ донесе нова одлука – еве што не чека од утре!

НОВО ПРЕСМЕТУВАЊЕ: РКЕ донесе нова одлука – еве што не чека од утре!
Kristal

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука која носи промени само кај едно гориво, додека останатите цени продолжуваат да важат без никакви корекции.

Според најновите пресметки, малопродажната цена на мазутот М-1 НС бележи значително намалување од 1,089 денари по литар во однос на цената утврдена на 09.12.2025 година. Со ова намалување, новата продажна цена на Мазут М-1 НС изнесува 32,883 денари за килограм.

Од друга страна, цените на бензините и дизелот остануваат непроменети. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 продолжува да биде 75,00 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 останува на 77,00 денари по литар. Истата цена ја задржува и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) со 68,50 денари за литар, како и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое останува 66,50 денари за литар.

Со денешната одлука, РКЕ практично го замрзнува ценовниот статус кај сите главни горива, освен кај мазутот, кој бележи едно од пониските нивоа во последните недели.

FixCredit
Escape