ПРВ.мк
Топ Вести

ИНЦИДЕНТ КОЈ ГО ПОДИГНА НАТО НА НОЗЕ: Соборен дрон во романскиот воздушен простор - кој сака да ја уништи Романија?

ИНЦИДЕНТ КОЈ ГО ПОДИГНА НАТО НА НОЗЕ: Соборен дрон во романскиот воздушен простор - кој сака да ја уништи Романија?

Романското Министерство за национална одбрана соопшти дека во раните утрински часови во неделата бил соборен дрон кој неовластено навлегол во воздушниот простор на Романија од правец на Молдавија.

Според официјалното соопштение, системите за воздушен надзор го регистрирале леталото во 4:44 часот, на околу 24 километри северно од Галац.

По откривањето на дронот, романските власти активирале воздухопловни сили за да го следат и да реагираат на нарушувањето на воздушниот простор. Во интервенцијата биле вклучени авиони на шпанските воздухопловни сили, кои во моментов се распоредени во Романија како дел од мисијата за воздушно патролирање.

Еден од авионите Ф-18, кој бил во борбено дежурство од 57. воздухопловна база „Михаил Когалничеану“, го пресретнал леталото и го соборил.

По соборувањето, надлежните идентификувале можна локација на која паднале остатоците од дронот. Станува збор за ненаселено подрачје меѓу населените места Балени и Кудалби, во округот Галац.

Според досегашните информации, нема податоци дека цивили биле загрозени или повредени во инцидентот.

Поради нарушувањето на воздушниот простор, во округот Галац претходно била активирана воздушна тревога. Таа била прекината во 5:20 часот, откако ситуацијата била ставена под контрола.

Романските власти продолжуваат да ја следат состојбата и да ги утврдуваат сите околности поврзани со неовластеното навлегување на леталото во воздушниот простор на земјата.

Најнови вести