ПРВ.мк
Топ Вести

НОВА ИЗМАМА: Пензионер изгубил илјадници евра - еве како успеале да го измамат!

НОВА ИЗМАМА: Пензионер изгубил илјадници евра - еве како успеале да го измамат!

Полицијата во Осиек трага по непознати измамници кои успеале да измамат 77-годишен маж од Осиечко-барањската жупанија, убедувајќи го да инвестира значителна сума пари во наводни криптовалути, под лажно ветување за голема заработка.

Според официјалните информации, измамата се одвивала во текот на март и април, кога пензионерот преку интернет бил наведен да инвестира повеќе од 8.000 евра. Лицата со кои комуницирал му презентирале лажни податоци, графикони и „гарантирани“ добивки, со цел да го убедат дека вложувањето е безбедно и профитабилно.

Откако подолг период не добил никаква исплата на ветените добивки, оштетениот сфатил дека станува збор за класична измама. По ова, случајот веднаш го пријавил во полиција.

Од надлежните служби во Хрватска е соопштено дека се преземаат мерки за идентификација и пронаоѓање на сторителите, кои најверојатно делувале преку интернет платформи и лажни инвестициски страници.

Полицијата воедно упатува силен апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни при онлајн инвестиции, особено во криптовалути, и да не внесуваат лични и банкарски податоци на непроверени веб-страници или апликации. Се нагласува и дека никогаш не треба да се уплаќаат пари без претходна проверка на веродостојноста на лицата и компаниите со кои се комуницира.