Сончево и многу топло време со температури до 37 степени Целзиусови се очекува денеска низ Македонија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Времето ќе биде претежно ведро, со мала локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 29 до 37 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе изнесува околу 14 степени, а во текот на денот живата во термометарот ќе се искачи до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе продолжи периодот на претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, а на места повремено засилен ветер од северен правец.
Сепак, утре во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, која на поединечни места ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.










