ПРВ.мк
Топ Вести

ИНЦИДЕНТ ВО СПЛИТ: Авион излета од пистата при полетување - еве што се случило!

ИНЦИДЕНТ ВО СПЛИТ: Авион излета од пистата при полетување - еве што се случило!

Сериозен инцидент се случил денеска на аеродромот во Сплит кога авион на Croatia Airlines излетал од пистата за време на полетување кон Франкфурт.

Според првичните информации, инцидентот се случил околу 13:30 часот, кога „Ербас А220“ од засега непознати причини излегол од пистата и завршил на тревната површина покрај неа, при што удрил во вертикален маркер и рабни делови крај пистата.

Во леталото се наоѓале 130 патници и пет членови на екипажот. За среќа, според официјалните информации од аеродромот и авиокомпанијата, сите биле безбедно евакуирани и нема повредени.

„Посадата постапила согласно безбедносните процедури и го запрела авионот“, соопштија од Croatia Airlines.

По инцидентот, патниците биле префрлени во терминалната зграда, каде што им била обезбедена логистичка поддршка за продолжување на патувањето.

Од аеродромот во Сплит информираа дека во тек е соработка со надлежните воздухопловни служби и истражните органи, кои треба да ги утврдат точните причини за инцидентот.