Украинските Воздухопловни сили соопштија дека нивната противвоздушна одбрана соборила 64 од 85 беспилотни летала што Русија ги лансирала синоќа. Дроновите биле уништени над северниот, јужниот и источниот дел на Украина, при што биле регистрирани 20 погодоци на 13 локации.
Притоа, Русија извршила 1.019 напади врз 33 населени места во југосточната Запорошка област, при што три лица се ранети, соопшти раководителот на регионалната воена администрација, Иван Федоров.
Од руска страна, Министерството за одбрана пријави 26 соборени украински дронови, од кои 17 беа уништени над Брјанската област, седум над западната Смоленска област, а по еден над Белгородската област и над окупираниот Крим.
Во меѓувреме, во западната Орловска област е прогласена опасност за авијацијата, поради активностите на беспилотните летала.

















