ПРВ.мк
Топ Вести

НОВИ ПРАВИЛА - Оваа држава ги ограничува дозволите за вработување работници од земји надвор од ЕУ!

НОВИ ПРАВИЛА - Оваа држава ги ограничува дозволите за вработување работници од земји надвор од ЕУ!

Унгарската влада донела нов декрет со кој се ограничува приливот на работници од земји што не се членки на Европската Унија.

Одлуката е објавена во Државниот весник, а ја соопшти владата на новиот премиер Петер Маѓар, кој ја презеде функцијата на 9 мај по изборната победа на неговата центристичка партија на парламентарните избори во април.

Во Унгарија моментално работат околу 90.000 странски работници од трети земји, што претставува приближно 2% од вкупната работна сила. Најголем дел од нив се ангажирани во индустрии како производство на батерии, автомобилска индустрија, градежништво, курирски услуги и сезонска работа во земјоделството. Работниците најчесто доаѓаат од Филипини, Украина, Кина, Виетнам и Индија.

Со новата регулатива се задржуваат постојните дозволи за престој до нивниот истек, но засега не е јасно дали тие ќе можат да се продолжуваат.

Мерката не претставува целосна забрана за странски работници, туку се однесува на поедноставената шема за вработување гастарбајтери, која претходно овозможуваше побрзо ангажирање преку посреднички агенции.

Владата ја оправдува одлуката со цел да се отвори повеќе простор за домашните работници, додека дел од работодавачите предупредуваат дека во земјата и понатаму постои недостиг на работна сила во повеќе сектори.