Според рангирањето на Immigration Index на компанијата Remitly, Исланд е прогласена за најдобра земја за луѓе кои сакаат да започнат нов живот до крајот на 2025 година.

Оваа нордиска земја го освои првото место со резултат од 58,4 поени од можни 100, базирано на 24 клучни критериуми, вклучувајќи ја силата на економијата, трошоците за живот, квалитетот на здравствената заштита и јавниот превоз.

Истражувањето оцени 82 земји според фактори како јавен превоз, здравствена заштита, можности за вработување, трошоци за живот, нивото на среќа и мигрантската заедница. Секоја земја доби вкупен резултат од 0 до 100 поени.
На врвот на листата се најде Исланд, земја позната по глечери, гејзери и аурора бореалис. Нејзината привлечност не е само во туризмот: земјата е високо рангирана во безбедност, дигитална поврзаност, одржлив развој и среќа на населението.
Главниот град, Рејкјавик, иако има само околу 130.000 жители, нуди богата културна сцена со ресторани, кафулиња, галерии, театри и фестивали, кои се лесно достапни пеш. Оваа комбинација на голем град со локален шарм го прави градот уникатен за живеење.

Икономски гледано, земјата нуди високи плати и лесен пристап до банкарски услуги, што ја прави уште повлечна за имигрантите. „Просечната месечна плата е околу 4.500 евра, што ја става Исланд на врвот во Европа по квалитет на живот и работа.“
Меѓу десетте најпривлечни земји за преселба доминираат европски држави како Швајцарија, Луксембург, Норвешка, Ирска, Данска и Холандија.


















