ПРВ.мк
Магазин

Тополото време може да ви го расипе фрижидерот – направете го овој едноставен тест

Тополото време може да ви го расипе фрижидерот – направете го овој едноставен тест

Летните горештини не влијаат само врз луѓето, туку и врз домашните апарати. Експертите предупредуваат дека високите температури можат да го оптоварат фрижидерот, што доведува до поголема потрошувачка на електрична енергија, побрзо расипување на храната и можни дефекти.

Еден од најчестите проблеми е истрошената гума (заптивка) на вратата од фрижидерот. Со текот на времето таа може да ја изгуби својата еластичност и повеќе да не затвора добро, дозволувајќи топол воздух да навлегува во внатрешноста. Поради тоа, системот за ладење работи поинтензивно за да ја одржи температурата.

Експертите советуваат секој лесно да провери дали заптивката е исправна со едноставен тест. Потребно е да ставите лист А4 хартија помеѓу гумата и вратата од фрижидерот, а потоа да ја затворите вратата. Ако при извлекување на хартијата чувствувате отпор, заптивката функционира правилно. Доколку листот лесно се извлече, тоа е знак дека гумата веќе не дихтува добро и треба да се замени.

Навремената замена на заптивката може да помогне во намалување на потрошувачката на струја, подобро зачувување на храната и продолжување на работниот век на фрижидерот, особено во периодите со високи летни температури.