ПРВ.мк
Топ Вести

ГРЦИЈА СО НОВИ МЕРКИ: Забрана за малолетници на електрични тротинети - дали се согласувате со оваа мерка за во Македонија?

ГРЦИЈА СО НОВИ МЕРКИ: Забрана за малолетници на електрични тротинети - дали се согласувате со оваа мерка за во Македонија?

Грчката влада разгледува воведување на значително построги регулативи за електричните тротинети, по серија тешки и фатални несреќи во кои биле вклучени малолетници, меѓу кои и смртта на 13-годишно дете и сериозен судир во кој учествувало 12-годишно момче во Аспропиргос.

Министерството за транспорт анализира повеќе мерки, меѓу кои целосна забрана за користење електрични тротинети за лица под 18 години, задолжително осигурување за полнолетни возачи, како и значително повисоки казни за корисниците и компаниите кои ги изнајмуваат овие возила.

Според најавите, заменик-министерот за транспорт Константинос Киранакис наскоро треба да предложи нов законски пакет кој ќе ја регулира оваа област.

Министерот за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис истакна дека електричните тротинети мора да функционираат под строго дефинирани безбедносни услови, нагласувајќи дека приоритет е забраната за користење од страна на малолетници. Тој јавно праша и за одговорноста во случај на несреќи, наведувајќи дека постои сериозен правен вакуум во однос на надомест на штета.

Дополнителна загриженост изрази Грчката асоцијација на транспортни инженери, која предупреди дека на пазарот слободно се рекламираат тротинети способни да достигнат брзини од 70 до 100 километри на час, иако законската граница за движење на патишта е 25 километри на час.

Експертите се поделени околу решението, при што дел од нив бараат целосна забрана на електричните тротинети, додека други сметаат дека фокусот треба да биде ставен на развој на подобра инфраструктура и построга контрола на нивната употреба.