ПРВ.мк

[ВИДЕО] Хуманоиден робот нападна вработен за време на тестирање

[ВИДЕО] Хуманоиден робот нападна вработен за време на тестирање
Jumbo Banner

Се отвора нова страница во дебатата за безбедноста на вештачката интелигенција, откако хуманоиден робот во фабрика во Кина беше снимен како се однесува агресивно и се обидува да нападне вработен.

Инцидентот, кој е документиран преку безбедносни камери, брзо се прошири на социјалните мрежи, особено на Instagram и X, предизвикувајќи лавина реакции и загриженост кај јавноста. Видеото покажува робот закачен на кран, како одеднаш започнува да ги движи екстремитетите на агресивен начин, додека во негова близина се наоѓаат двајца работници.

Еден од вработените бил на само чекор од потенцијален напад, но за среќа, успеал навреме да се оддалечи. Роботот потоа бил деактивиран со исклучување на струјата.

Овој инцидент повторно ја покрена загриженоста околу автоматизацијата и контролата врз автономните системи, особено во индустриска средина каде што ризикот по човечки животи не е за потценување.

Погледнете го видеото во продолжение:

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран