ПРВ.мк
Свет

Зеленски: Никогаш досега не сме имале толку продуктивен разговор со Трамп

Зеленски: Никогаш досега не сме имале толку продуктивен разговор со Трамп
Escape

Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека последниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп бил најпродуктивен од почетокот на нивната комуникација.

„Тоа беше веројатно најдобриот разговор што сме го имале – најконструктивен и со најмногу реални резултати,“ изјави Зеленски, потенцирајќи дека централна тема биле прашањата за воздушната одбрана, особено испораката на американскиот систем „Патриот“.

Зеленски му се заблагодарил на Трамп за досегашната поддршка и истакнал дека Украина и понатаму се надева на американска помош во борбата против руската агресија. Изјавата доаѓа во време кога Киев се соочува со засилени напади и е во потрага по нови средства за заштита на цивилната инфраструктура.

Mia Home Mavrovo