ПРВ.мк
Свет

ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ на Доналд Трамп по пукањето во Вашингтон - еве што им порача на напаѓачите!

ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ на Доналд Трамп по пукањето во Вашингтон - еве што им порача на напаѓачите!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека хотелот Washington Hilton, каде што се случи пукање за време на годишната вечера на Здружение на дописници од Белата куќа, „не е многу безбедна зграда“.

Тој посочи дека балската сала во Белата куќа, чија изградба ја започнал, би понудила значително повисоко ниво на безбедност.

– Денес ни се потребни безбедносни стандарди какви што досега не се видени – изјави Трамп, нагласувајќи дека новата сала би била поголема и посигурна.

Претседателот наведе дека ги анализирал претходните обиди за атентат и индиректно посочи дека можеби бил цел на напаѓачот. Тој се осврна и на претходни инциденти за време на изборната кампања.

Трамп ја пофали Тајната служба на САД и безбедносните сили за брзата реакција, истакнувајќи дека агент бил ранет за време на инцидентот, но нападот бил брзо неутрализиран.

Според информациите, вооружен маж идентификуван како Кол Томас Ален (31) испукал неколку куршуми во хотелот, по што сите присутни биле евакуирани. Во инцидентот нема цивилни жртви, додека еден член на обезбедувањето бил повреден и хоспитализиран. Осомничениот е приведен.

Трамп изјави дека, и покрај случувањата, е важно традиционалната вечера на здружението да продолжи и предложи таа да се одржи повторно во наредните 30 дена.